Детектор: Над 75% од граѓаните сметаат дека македонското правосудство не е независно
75,3% од анкетираните сметаат дека македонското правосудство не е независно додека само 11% сметаат дека тоа е отпорно на надворешни влијанија. Вакви резултати дава најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Во споредба со нашата анкета од пред 4 години, има значителен раст на бројот на граѓани кои денеска сметаат дека судството не е независно. Ако оваа бројка во 2019 била фиксирана на нешто под 60%, денеска таа оди над 75%. И тука Македонците и етничките Албанци имаат прилично различни ставови.
Додека 83% Македонци сметаат дека немаме независно судство, ваков став делат 52,9% етнички Албанци.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа