Детектор: Близу 60% од граѓаните сметаат дека треба да се намали бројот на вработени во јавната администрација

 

Близу 60% од граѓаните сметаат дека треба да почне процес на отпуштања во јавниот сектор, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

 

58,9% се на ставот дека јавната администрација треба да се намали, 17,2% сметаат дека нивната бројка не треба да се менува, а 9,4% мислат дека треба да вработиме дополнителен број административци.
Етничката структура на граѓаните кои одговарале и тука покажува дијаметрално спротивни ставови меѓу Македонците и етничките Албанци.

 

Додека 68,3% од Македонците сметаат дека треба да се намали бројот на вработени во јавната администрација, ваков став делат само 33,2% етнички Албанци што е помалку од половина од процентот на Македонците.
33,1% од етничките Албанци сметаат дека бројот на административци треба да остане ист што е речи си три пати повеќе 12,1% Македонци кои го делат овој став.


Во споредба со анкетата од пред 4 години, бројот на граѓани кои сметаат дека јавната администрација треба да се намали скокнал од 51,7% на 58,9%.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

02.04.2023 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа