Детектор анкета: Граѓаните се најнезадоволни од средното и високото образование
Граѓаните се најнезадоволни од средното и високото образование покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Основното образование заедно со средното е најниско оценето од граѓаните.На скалата од 1 до 5 основното образование има средна оценка 2,65, а средното 2,64.
Средната оценка за високото образование е 2,73.
Споредено со анкетата на Детектор од 2019 година, граѓаните на сите ниво на образованието ги намалиле оценките.
Па така, средната оценка на основното образование од 2,85 паднала на 2,65, на средното од 2,73 се спиштила на 2,64 а на високото од 2,84 се намалила на 2,73.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа