Детектор анкета: Граѓаните песимисти – очекуваат и оваа година цените да продолжат да растат
Граѓаните со песимизам гледаат на македонската економија во 2023 година. Мнозинството очекува уште повисоки трошоци и криза која што ќе продолжи и во наредните години, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје
56,8% сметаат дека инфлацијата и трошоците за живот оваа година ќе пораснат, додека четвртина се на ставот дека ќе бидат приближно исти како и сегашните. Само 9,5% очекуваат намалување.
Најголемиот дел од граѓаните очекуваат економската криза да трае повеќе години. Ваков став делат 31,8% од анкетираните. Крај на кризата со крајот на оваа година очекуваат 23,8% од анкетираните додека 17,7% сметаат дека економската криза ќе заврши за две години.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа