Детектор: 74% од граѓаните сметаат дека во Македонија законот не важи подеднакво за сите

 

73,9% од граѓаните велат дека во Македонија законот не важи подеднакво за сите, додека неселективност во правдата гледаат само 17,3%, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје.


Споредбата на оваа анкета со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе пред 4 години покажува дека нема некоја значителна разлика, иако постои благ раст на граѓани кои денеска сметаат дека законот не важи подеднакво за сите. И по ова прашање значително се разликуваат ставовите ако се направи анализа на етничката структура на испитаниците. Па така, 81,8% од Македонците сметаат дека законот не важи подеднакво за сите, додека ваков став делат 51% етнички Албанци.


Гледано по региони, во вардарскиот и источниот регион над 90% од анкетираните сметаат дека правдата е селективна додека на југоистокот и во полошкиот регион ваков став делат околу 60% од истпитаниците.


Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од
01  до 04 февруари оваа година.

19.02.2023 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега