Дескоска: Во животот сум вршела неколку функции, но потпретседател на партија никогаш не сум била

 

Професорката по уставно право и ексминистерка за правда, Рената Дескоска, рече дека во животот вршела неколку функции, но потпретседател на партија никогаш не била, откога ова го посочи министерот Кренар Лога на денешната конференција. Лога ја обвини Дескоска дека како министерка била лош пример.

„Кога немате аргументи, тогаш користите ad hominem напади и навреди. Јас лично посакувам секој следен министер да биде подобар од претходните бидејќи само така може да одиме напред. А тоа може само со политики засновани на точни информации и со почитување на најдобрите меѓународни практики.

П.с. Во животот сум вршела неколку функции, но потпретседател на партија никогаш не сум била“, пишува Дескоска во својата објава.

Претходно, разните ставови на актуелниот министер за правда, Кренар Лога, и ексминистерката за правда, Рената Дескоска, за вметнување на графата за националност – доведоа до јавен конфликт. Лога ја претстави својата претходничка како лош пример за министер кога беше прашан за упатството, кое има привремена забрана за примена во пракса од Уставниот суд.

Лога рече дека Дескоска може да дава изјави само како професорка, а како министер е лош пример.

05.07.2023 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега