Десетгодишно девојче се удави во во базен во Грција
Десетгодишно девојче се удави во базенот на станбениот комплекс каде било со родителите, јавуваат грчките медиуми.
Во неделата нешто пред 18 часот девојчето било во дворот на комплексот во Неа Макри каде си играло со својата другарка.
Нејзината мајка била во близина и го товарела нивниот багаж во нивниот автомобил за да се вратат дома во Атина. Претходно, нејзиниот татко го напуштил одморалиштето со нејзиниот брат близнак. Во еден момент 10-годишното девојче останало само во базенот.
Потоа се нурнало во водата за да ја фати маската што нејзините другари ја фрлиле како дел од играта што ја играле последните неколку дена. Десетгодишното девојче потонало на дното на базенот, каде се задржало најмалку 3 минути.
Менаџерот на комплексот истрчал да ја спаси. Кога пристигнал, детето имало модринки и тешко дишело. Двајца лекари, кои биле во близина се обиделе да ја спасат. Како што пишува „Прототема“ девојчето вадело храна од устата додека добивало прва помош најмалку 20 минути.
„Детето го најдов свесно. Не можеше лесно да дише и правевме рунди CPR, јас и татко ми заедно, кој исто така е лекар, и еден господин кој знаеше за прва помош и работеше во соседната продавница. Наизменично си помагавме и се обидувавме да извадиме стомачна содржина од девојчето, од цревниот систем на детето. Пробавме барем 15-20 минути додека не дојде брзата помош. Но, за жал, не успеавме“, вели младиот доктор.
Инцидентот се случил пред очите на мајката на 10-годишното девојче.
Според информациите, девојчето не се соочувало со никаков здравствен проблем и било страствен пливач. Сепак, останува непознато зошто се удавило во базенот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа