Денеска тропски ден во земјава, познато кога не очекува разладување

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. 

Денес во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а промена на временската состојба се очекува дури од петок. 

За денеска синоптичарите најавуваат сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 35 до 42 степена. УВ индексот ќе биде 10.

Во Скопје слично време со минимална температура до 19, а максимална до 40 степени. 

14.07.2024 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега