Денеска не излегувајте од дома: Портокалово ниво за опасност од високи температури

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

12.07.2024 - 08:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега