Денеска е Св. цар Константин и царица Елена

 


Според Православниот календар, денес се празнува Христијанскиот празник „Светиот цар Константин и Светата царица Елена

Во времето кога во Рим царуваше Диоклецијан управник на западните римски области беше христољубивиот Констанциј Флор, кој во бракот со света Елена го доби синот Константин. Последниов во историјата толку се прослави, што го доби името Велики.

За христијаните, пак, тој е првиот благочестив цар. Во 313 година, тој го издаде познатиот Милански едикт, со што се прекина тривековниот прогон на христијаните во Римската империја. Со него почнува една нова, христијанска ера во Римската државна историја, а тоа Константин го одбележи со пренесувањето на престолнината од древниот многубожечки Рим, во новиот град Константинопол.

Свети Константин го свика и Првиот вселенски собор во 325 година, на кој црквата ја осуди ереста на Ариј. Изгради многу величествени цркви, посебно во Ерусалим. Пред смртта се крсти, а по смртта црквата го приброи овој цар меѓу своите светила, заедно со неговата мајка Елена.

03.06.2024 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега