Дали одењето на психијатар е табу тема меѓу населението во Македонија?

 

Ниту експертите не можат со сигурност да одговорат на прашањето дали посетата на психијатар е табу тема меѓу луѓето, но нивните искуства покажуваат дека се' повеќе лица барале психијатриска и психолошка помош, консултација или терапија, не само во Македонија, туку и пошироко, пренесува Сител ТВ. Предупредуваат дека никој не е заштитен.

„Потешкотиите од потежок план од оваа сфера, значи од анксиозните нарушувања и депресивните се јавуваат кај сите. Се разбира дека се почести кај малку позрели лица. Затоа што се соочуваат со поголеми тешкотии, вклучувајќи животни потешкотии, социјални и професионални, но морам да кажам дека адолесцентите се група, кои се под посебен ризик поради менталното здравје, во последните 10 години, особено поради пандемијата со коронавирусот“, изјави проф. д-р Славица Арсова, психијатар.

Според две големи истражувања спроведени на национално ниво, посочи д-р Арсова, кои ги вклучувале адолесцентите, жени во период на бременост и после породување, покажале дека повеќе од 1/3 од децата во адолесцентниот период покажувале некакви знаци на анкциозност и депресивност што според експертите ја прави ситуацијата аларматна. Слични вакви податоци покажале и истражувањата во светот.

Поради пандемијата со КОВИД-19, драстично се зголеми бројот на анксиозни и депресивни нарушувања кај луѓето во светот. Статистиката на Светската здравствена организација (СЗО) покажува дека симптомите на депресија се зголемија од околу 193 милиони луѓе ширум светот на 246 милиони, што практично означува пораст од 28%. Анксиозните растројства пораснале од околу 298 милиони засегнати луѓе на 374 милиони, што е зголемување за околу 25%.

10.10.2023 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега