Дадено е негативно мислење за Лидија Раичевиќ од ОЈО Скопје за заменичка на Јовески

Советот на јавни обвинители денеска ја одржа 94. седница, на чиј дневен ред е давање мислење за пријавените кандидати на Огласот за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија.

Од тројцата пријавени кандидати, Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство, само за Коцевски е дадено зелено светло за заменик на Јовески. 

Во изјава за медиумите, претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска рече дека што се однесува до Фетаи, таа немала комплетна документација, односно потврда за деловна способност, а за Лидија Раичевиќ Димитриеска рече дека дале негативно мислење.

Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.

27.12.2023 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега