Дачиќ: Курти сака војна, меѓународната заедница практично дозволува конфликт
Оние кои ја поддржаа агресијата врз Србија во 1999 година ја продолжуваат својата политика и го поддржуваат косовскиот премиер Албин Курти, чија желба е да предизвика војна, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Тој за „ТВ Прва“ оцени дека меѓународната заедница практично дозволува конфликти на Косово и потсети дека тоа било случај и кога градоначалниците влегувале во општинските канцеларии на северот на Косово.
Дачиќ посочи дека српскиот народ има право да се брани и да ја изрази својата политичка волја и дека не сака конфликт со никого.
Тој смета дека КФОР требало да биде повикан пред инцидентот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа