Д-р Беќаровски: Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате?

 
Скандалот на Клиниката за онкологија предизвика лавина на реакции на граѓаните на социјалните мрежи, но свој ставови дадоа и неколку доктори. Меѓу нив е и д-р Нико Беќаровски, кој во својата објава ги праша вработените на Онкологија: „Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате?
 
„Секојдневно неколку пациенти од Онкологија, доаѓаат на ултрасонографски преглед во нашиот ехотомографски кабинет.
Исплашени, многу често и исцрпени од болеста, со страв го следат секој мој поглед, како да сакаат да прочитаат дали нивниот наод е уреден.
Секој пациент од Онкологија ме растревожува уште пред да ја земам сондата во рака. Се плашат тие, но се плашам и јас од тоа што ќе го видам.
Секоја нивна зголемена жлезда, нова метастаза, секоја новооткриена течност во стомакот, ми го прави денот тажен, а толку често тоа се млади личности кои штотуку зачекориле во светот на возрасните.
А НЕКОЈА ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА НА МОНСТРУМИ, ЗАТСКРИЕНА ВО БЕЛИ МАНТИЛИ, ИМ ГИ КРАДЕ МИЛИГРАМИТЕ КОИ ЖИВОТ ЗНАЧАТ.
Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате ???“, стои во објавата на д-р Беќаровски.

04.09.2023 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега