ЦУК: Пожарот кај Катланово е локализиран

 

Во ЦУК на Единствениот број за итни случаи 112 било добиено известување за пожар во Катланово, по што веднаш биле известени од Бригадата за противпожарна заштита  БППЗ на Град Скопје и Јавното претпријатеие „Национални шуми“.

„Регионалниот РЦУК Скопје координирале со првите известувања, пришто надлежните институции веднаш излегоа на терен и ситуацијата е ставена под контрола.

Командантот на БППЗ на Град Скопје при контактите со ЦУК посочи дека нема потреба од дополнителни сили и дека сами се справуваат со пожарот.  Попладне ЦУК, во Секторот за операции и координација,  доби известување дека пожарот е локализиран“, велат од ЦУК.

Јавното претпријатеие „Национални шуми“ – подружница „Караџица“ дека горело нискостеблеста шума и сува трева. Нивна екипа и екипи на БППЗ, допонитено ќе бидат на терен и ќе ја следат ситуацијата додека се доизгасне пожарот целосно.

25.07.2023 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега