Црногорци лежат веќе 18-ти ден за награда од 1.000 евра
Во Црна Гора и годинава се одржува натпревар во лежење. На рекордниот 18-ти ден се натпреваруваат седум лица кои сè уште лежат. Првиот ден ги имаше 21.
Претходните години натпреварувањето најчесто завршуваше четврти или петти ден, а сега веќе е 18. натпреварувачки ден и останаа седум натпреварувачи.
„Цел живот слушаме шеги и приказни, па дојдовме до оваа интересна и смешна идеја да направиме натпревар. Видете што се случи, тоа веќе не е регионално туку меѓународно. Имавме луѓе од Украина, Русија“, вели за Н1 Борис Круниќ, еден од организаторите.
Годинава наградата за победникот е 1.000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа