Ципрас поднесе оставка по поразот на изборите
Алексис Ципрас поднесе оставка како лидер на левичарската партија СИРИЗА, објави „Ројтерс“.
Се додава дека Ципрас во текот на денот ќе ѝ се обрати на јавноста.
На парламентарните избори одржани во Грција викендов убедливо победи Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис, а СИРИЗА на Ципрас освои нешто помалку од 18 отсто од гласовите, анализира медиумот.
Во говорот по поразот на изборите, Ципрас рече дека изборниот резултат е негативен за таа партија, но и за општеството и за демократијата.
Тој ги отфрли шпекулациите дека може да се повлече од раководството на најголемата опозициска партија додавајќи дека ќе се стави на располагање на одлуката на членовите на партијата и дека во следните неколку месеци ќе се свика конгрес на кој ќе се одлучува за неговата судбина.
„За СИРИЗА заврши голем и креативен историски циклус, со кој треба да се гордееме. Сепак, мора да продолжиме со потребните кратења за набргу да отвориме нов, уште поперспективен циклус“, рече Ципрас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа