Човек паркирал автомобил на паркинг, продавач се налутил и наредил цвеќиња околу возилото
Фотографија од „бмв“ направена на Денот на сите светци на паркинг во Крапина стана хит на социјалните мрежи.
„Се моли сопственикот да го премести своето возило ‘бмв’ бидејќи не може да се отворат продажните штандови зад него. Што е можно побргу затоа што веќе има цветни аранжмани нафрлени околу него“, стои во описот на фотографијата објавена во локална фејсбук-група.Возачот се паркирал на обележано паркинг-место, а околу неговиот автомобил биле наредени цветни аранжмани. Поради ова, некои луѓе се огласија во негова одбрана.
„Дали некаде пишува дека ова е место за штанд? Јас не би го поместил автомобилот“, „Не мрдај, каде пишува дека ова е место за штандови?“, „Влезот на паркингот требаше навреме да се огради ако е резервирано за штандови“, „Колата е на паркинг, не на пазар“, „Човекот е паркиран на означено паркинг-место. Каде е проблемот?“, „Јас тука гледам паркинг, а не шопинг-зона“, се дел од коментарите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа