Четворица од повредените во хоророт во Пулс се враќаат од лекување во странство
Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (1 пациент) и Италија (1 пациент).
Во странство се хоспитализирани 60 пациенти.
Во болниците во Македонија во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, двајца пациенти во приватната болница Систина и еден пациент на Клиниката за пулмологија.
09.04.2025 - 10:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа