„Чесни и домаќини“, рече Бектеши за Слупчане, каде што се краде 80 отсто струја, а се наплаќа 20 проценти

 

Чесни и домаќини. Вака министерот за економија, Крешник Бектеши, ги опиша жителите на Слупчане, за каде што ЕВН тврди дека загубите на струја се 80 отсто, а наплатата е 20 проценти. Министерот рече дека не треба никој да се меша меѓу преговорите на ЕВН и Слупчане, чии жители побараа простување на долговите и сметки што не смее да надминат 3.000 денари месечно од семејство.

„Да не даваме лажни информации дека одредени места крадат или злоупотребуваат електрична енергија. Да ја гледаме големата слика за намалување на загубите. Тие се чесни и домаќини, преземаат обврски и даваат придонес, поголем од ВМРО-ДПМНЕ. Поголеми патриоти се од нив…“, рече Бектеши.

 

Топката за струјата Бектеши ја префрли кај ВМРО-ДПМНЕ и општините со кои раководат нивни градоначалници. Го интересира и: „Дополнително, да направат вештачење колку им чинат сликите и лустерите во нивната бела палата и да направиме споредба колку може да биде загубата?“

 

„Да проверат со своите градоначалници и директори во јавните претпријатија дали сѐ уште злоупотребуваат со регулираниот пазар, кои прават поголема штета отколку што може да направи одредено село или семејство“, рече Бектеши.

 

Им порача и да не се замараат со Слупчане.

 

„Ние пред една година кажавме како се злоупотребува регулираниот пазар, кој и сега има голема разлика во цената со слободниот пазар. Комуналната дејност во согласност со Законот за комуналната дејност е обврска на Општината, а тоа не може да се префрли со одлука на Советот на фирми што тие ги основаат, кои се под 50 вработени и да плаќаат како секое домаќинство. Тоа е поголема злоупотреба и во сума на пари, но и законска од тоа што лиферуваат и изнесуваат лажни вести. Проверете дали злоупотребуваат уште енергија или не, а не да се замараат со разговори на приватни фирми со нивни потрошувачи“, додаде Бектеши.

 

 

04.08.2023 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега