Цената на лебот во Македонија ќе продолжи да расте

 

Компаниите од мелничко-пекарската индустрија најавија зголемување на цената на лебот и на пекарските производи ако не добијат субвенционирана струја од државата. Велат дека жито и брашно имаат, ама цената на струјата и гасот секојдневно расте, поради тоа ќе морат да ги зголемат цените за да можат да ги платат сметките за струја и да опстанат. Освен што плаќаат десетпати поскапа струја од компаниите во регионот, плаќаат и 100 отсто повисоки трошоци за пренос што ги прави понеконкурентни на пазарот. Доколку продолжи растот на цените на струјата и гасот, тие најавуваат дека ќе има отпуштање на работници и затварање на компании.

-Имаме доволно количини на жито и брашно, но проблем е цената на струјата и гасот кои секојдневно растат. Колку и да е цената на суровината, електричната енергија ја крева цената на готовиот производ. Цените на лебот и пекарските производи ќе расте поради цената на енергенсите. Цената на струјата на слободниот пазар ја плаќаме од 33 до 40 денари по киловат-час, додека во  земјите во регионот вклучувајќи го дури и Косово, кое нема доволно производство и има рестрикции на струја цените на струјата за индустријата се движат од 4 до 6 денари за киловат час, изјави за ВЕЧЕР,  Горан Малишиќ, претседател на Здружението на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија.

19.09.2022 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега