Царинска управа: На Богородица запленети парчиња облека и обувки, спречен обид за сива економија

 

 

Спречен обид за сива економија, откако во пет случаи царинските службеници од граничниот премин Богородица запленија околу 700 парчиња непријавена облека и 22 пара обувки наменети за продажба на македонскиот пазар. Во сите случаи лицата, инаку македонски државјани, се обиделе нелегално да ја внесат робата без да ги платат увозните давачки.

Во четири од случаите непријавените парчиња облека и обувки се откриени при контрола на автобуси во патните торби на патниците, како и во црни кеси под задните седишта. Во последниот случај, непријавените парчиња облека се откриени при контрола на патничко возило.

Производите се запленети, а против лицата се поведени соодветни постапки, соопшти полицијата.

Царинската управа во рамки на своите приоритети, како што информираат, континуирано спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на сивата економија.

07.11.2023 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега