Бугарската потпретседателка во посета на Албанија, ќе ја отвори учебната година во Голо Брдо

 

 

Потпретседателката на Бугарија , Илијана Јотова, од денеска ќе престојува во посета на Албанија.

Бугарскиот портал „24 часа“ јавува дека посетата се случува во пресрет на пописот на населението во Албанија, кој, како што пишува порталот, е значаен момент за бугарското национално малцинство во Албанија.

Јотова ќе се сретне со претставници на, како што се наведува, бугарското национално малцинство од регионот Голо Брдо, иако овој дел е претежно населен со македонско население.

Таа ќе ја отвори новата учебна година во училиште во градот Елбасан.

14.09.2023 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега