Бројките се движат во нагорна насока: Досега 24.000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија

 

Бројот на загинати од разорните земјотреси кои во понеделникот ги погодија Турција и Сирија достигна најмалку 24.178, соопштија властите.

Во Турција, бројот на загинати се искачи на најмалку 20.665, според агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби во земјата САКОМ.

Во Сирија, вкупниот број на загинати е 3.513, вклучително и 2.166 во областите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, според цивилната одбрана „Бели шлемови“ - и 1.347 мртви во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, според сириските државни медиуми. 

11.02.2023 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега