Брнабиќ: Вучиќ нè спаси од санкции

 

 

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека ѝ се чини оти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, успеал да ја отстрани непосредната опасност од воведување санкции кон Србија во Гранада.

„Најважната порака до сите наши граѓани е дека претседателот Вучиќ во Гранада успеа да се погрижи Србија да биде зачувана“, рече Брнабиќ во утринската програма на српска телевизија.

Таа оцени дека времињата сè уште се тешки и дека кризата не поминала, дека притисоците доаѓаат од регионот, пред сè, од Хрватска, да се искористи ситуацијата во Косово за воведување санкции кон Србија.

Брнабиќ рече дека по инцидентот во Бањска на 24 септември, Приштина почнала лавина дезинформации за да ја искористи трагедијата за воведување санкции кон Србија, но дека Вучиќ успеал да ја запре таа лавина и да ја стабилизира ситуацијата.

Таа додаде дека Приштина е во дипломатска офанзива и бара санкции, но дека тоа не е изненадување.

Брнабиќ е убедена дека „на сите им е јасно“ оти Србија ги осудува сите форми на насилство и дека е за мир и стабилност, а косовскиот премиер Аљбин Курти генерира насилство врз Србите во Косово, кое поминува неказнето.

06.10.2023 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега