Брнабиќ: Јавноста не е свесна за опасноста по животот на Александар Вучиќ

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска во интервју за телевизијата Хепи изјави дека „јавноста не е свесна за опасноста по животот на Александар Вучиќ“, пренесува Нова.рс.

Нејзината изјава уследи по објавувањето на наводната преписка на осомничените членови на нарко-картел во Црна Гора.

Брнабиќ истакна дека „Александар Вучиќ е единствената бариера за таа мафија“.

„Заканата по животот на Александар Вучиќ постои се додека Радоје Звицер е на слобода“, предупреди таа.

Звицер е водач на озлогласениот Kавачки клан.

Тој е поврзан со бројни убиства, продажба на дрога и други злосторства. Во мај 2020 година, Звицер беше застрелан среде бел ден додека џогирал во близина на неговиот стан во Киев. Двајца вооружени напаѓачи испукале десетина истрели, од кои пет го погодиле.

Тој е во бегство од февруари 2021 година, кога во Белград беа уапсени членовите на групата на Вељко Беливук. Во септември 2022 година се појави информација дека е убиен во Панама, но подоцна беше демантирана.

Брнабиќ истакна дека Вучиќ „не е само бариера за спречување на организираниот криминал и мафијата да ги заземат Србија и регионот, туку и гаранција за безбедноста“. Како пример таа наведе дека, според податоците на Народната банка на Србија, до 10 јуни во Србија пристигнале „над две милијарди евра приливи на директни странски инвестиции“.

17.06.2024 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега