Брнабиќ: Белград отсекогаш бил обвинуван дека е Путин, а тие се Зеленски

 

 

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека нема разлика меѓу она што го кажува опозицијата во Србија и она што го кажува Приштина.

„Би рекла дека приштинските медиуми би биле горди доколку нивните медиуми известуваат како што известуваат тајкунските медиуми во Србија“, рече таа.

Таа додаде дека ако се погледне интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за Си-ен-ен, ќе се види дека фактичката состојба е целосно ирелевантна. „А тоа е притисокот против кој се бори Вучиќ“, рече таа.

„Имате голем лош волк, а тие се кутри, без разлика на сите потпишани договори до кои Приштина не се придржува. Така било и така ќе биде“, рече таа.

Српската премиерка потсети дека Белград секогаш бил обвинуван во смисла дека Белград е Путин, а тие Зеленски.

„Навистина, претседателот на Србија се бори со натчовечки напори и тоа го покажа во интервјуто за Си-ен-ен“, рече таа истакнувајќи дека секој друг ќе ги изгубеше нервите, а претседателот на Србија успеал да остане смирен.

04.10.2023 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега