Бразилската морнарица заплени рекордни 3,6 тони кокаин
Бразилската морнарица денеска соопшти дека запленила 3,6 метрички тони кокаин на брод во близина на брегот на североисточната држава Пернамбуко, во најголемата поединечна поморска заплена на дрога во Бразил.
Во соопштението, морнарицата соопшти дека заробила мал моторен чамец што се користел за транспорт на луѓе и товар долж брегот, со пет членови на екипажот, кој се движел кон Африка. Бродот бил довлечен во пристаништето Ресифе.
Заплената уследи по серијата поморски операции за борба против трговијата со дрога на брегот на земјата.
Според морнарицата, од 2020 година запленети се повеќе од 17 тони кокаин, 4,3 тони хашиш, 695 тони цигари, 113,34 тони риба, 14 тони марихуана и 3.146 кубни метри дрва.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа