Захарова: УСАИД е машина за мешање во работите на другите земји
Руското Министерство за надворешни работи денеска ја поздрави одлуката на новата американска администрација да ја затвори Агенцијата за меѓународна развојна помош (УСАИД), која Москва ја смета за „машина за мешање“ во работите на други земји.
„Единствено од што сме задоволни е што се што кажавме е спроведено“, рече портпаролката на Министерството, Марија Захарова, осврнувајќи се на постојаните руски критики кон УСАИД.
Русија го протерa УСАИД од својата територија во 2012 година, обвинувајќи ја агенцијата за финансирање на протестите на опозицијата против Кремљ и мешање во изборите.
„Тоа е сè освен агенција за помош, развој и помош. Тоа е машина за мешање во внатрешните работи. Тоа е механизам за промена на режимот, политичкиот поредок, структурата на државата“, рече Захарова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа