Бранко Цветкоски поднесе неотповиклива оставка од членството во Претседателството на ДПМ

 

Книжевникот Бранко Цветкоски поднесе неотповиклива оставка од членството во Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

- Поради непочитување и кршење на статутарните одредби на најголемата писателска организација во Македонија, поради приватизирање и манипулирање со тимското работење и колективниот одлучувачки капацитет на нејзиното Претседателство, од страна на претседателот на ДПМ, со што се засили опаѓањето на угледот на асоцијацијата меѓу членството и натамошната деградацијата на писателското достоинство во националниот културен контекст, поднесувам неотповиклива оставка на моето членство во Претседателството, наведува Бранко Цветкоски во писмениот допис до медиумите.

Цветкоски оставката ја најавил на седницата на Претседателството на ДПМ одржана на 4 октомври.

06.10.2023 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега