Боемот: Влегувам во кафич среден, а излегувам усмрден како да сум бил на копање

 

Непушачите повторно реагираат за неподносливиот мирис од цигарите во локалите каде затворените тераси се наменети за пушење.

На оваа тема дебатираше и познатиот инфлуенсер Боемот. 

-НЕ за пушење цигари по затворени простории и детски игротеки! Секоја година штом заладува, кога ќе влезам во кафич ми текнува на стиховите од Тоше Проески: „Магла пак ме покрива“. Влегувам во кафич среден, а излегувам усмрден како да сум бил на копање. Усмрдена облека, тело и коса, но и непријатен и штетен мирис по нашето здравје, вели тој во својата објава. 

-Во нашата држава не се применува Законот. Се знае – цигари се пушат на тераси, а во сите локали мора да има и простор каде непушачите ќе може на раат да седнат. Што е до мене, треба и IQOS да прекине да се пуши по затворени места бидејќи и тие смрдат, но прво да ги решиме цигарите. Дискотеките и кафаните не ги спомнувам, таму е дива лига. Речиси секаде владее безредие. Згора на сѐ, она кое страшно загрижува е тоа што се пуши и по ДЕТСКИ игротеки каде се загорзува здравјето на децата, вели Боемот. 

-Само на Балканот се случува. Има луѓе кој што имаат здравствени проблеми и треба да седат дома заради тоа што се гушат каде и да одат. И често гледам “па ако ти смета седи си дома”, гласи еден коментар на неговата објава. 

03.12.2022 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега