Black Friday во А1: Телефони по многу ниски цени

 

А1 Македонија со задоволство најавува нови атрактивни поволности по повод месец на Black Friday, со акција преку која корисниците добиваат можност за избор на нов смарт-телефон, со одлични ценовни придобивки.

Во рамки на Black Friday понудата, корисниците имаат можност да ги изберат одличниот Samsung Galaxy A32, достапен за само 299 денари месечна рата, Huawei P40 lite, достапен за 99 денари месечна рата, или Xiaomi Mi 11 lite 5G, достапен за 589 денари месечно, со избор на тарифниот модел A1 Neo M+, како и многу други модели по намалени цени.  

Тоа што овој Black Friday го прави уште подобар е дополнителната придобивка преку онлајн каналите за продажба, каде корисниците може да изберат смарт-телефони со намалување и до 63%, како што се Samsung Galaxy A03s, достапен за 69 денари месечна рата, Huawei P Smart 2021 достапен за 49 денари месечно, како и Xiaomi Redmi 9T + Mi Band 3, достапен за 59 денари месечна рата, само со избор на A1 Neon+ тарифниот модел.

Целата понуда на телефони корисниците може да ја видат на официјалната веб страница на А1 Македонија, на следниот линк.

Понудата е достапна и важи за корисници на мобилни услуги, со активација на нов или обнова на постоечки корисничкиот договор, преку сите достапни канали за продажба, со договорна обврска од 24 месеци.

Промоцијата Black Friday трае до 28ми ноември, а количините се ограничени.

12.11.2021 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега