Битиќи: Таргет ни е просечната плата да биде 34.500 денари

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќи вели дека таргетот на новата Влада е просечната плата да биде 34.500 денари.

„Во проекциите што ги направивме, таргет ни е просечната плата да биде 34 500 денари, зборуваме за нето плата, не зборуваме за бруто плата. Од друга страна, кажавме дека ќе продолжи покачувањето на пензиите, по надминување на кризата, од околу 20% за 4 години, плус, за прв пат ќе одредиме минимална пензија“, рече Битиќи во емисијата „ЕУ клик“ на ТВ21.

Ов се очекува да се случи со стабилизирање на економската состојба и соочувањето со кризата од пандемијата.

„Ќе имаме за цел минималната плата да ја покачиме за 20-30%, тоа го кажувам за време на 4 годишниот мандат. Го кажувам во проценти или апсолутна вредност од 20 илјади денари“, вели Битиќи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега