Битиќи: Со Ада, дигиталниот асистент за финансиска поддршка базиран на вештачка интелегенција го отстрануваме човечкиот фактор и можноста од корупција
Дигитализацијата е многу значаен сегмент во борбата против корупцијата, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на годишната конференција „Година за нови можности“.
-Затоа заедно со Фондот за технолошки иновации направивме предизвик со тоа што ги поканивме нашите успешни старт-апи, поддржани од ФИТР, но и останати, да направат дигитален асистент. Веројатно тогаш никој не веруваше во овие зборови за дигитален асистент, но сметаме дека дигитализацијата е одговор за сите недостатоци нотирани во извештаи, па и Извештајот на Стејт департментот за борба против корупцијата и организиран криминал, кажа Битиќи.
Според него, во оваа борба треба да се отстрани колку што е можно човечкиот фактор, но итранспарентноста во процесот на поддршка на инвестициите.
-Затоа е изготвена „Ада“, која е првиот дигитален асистент, којшто е некогаш поставен во јавниот сектор. Инаку, „Ада“ е промената на дело, којашто сите ние треба да ја направиме наредните години за да го постигнеме посакуваниот развој. Нашата „Ада“ е нашиот одговор, асистент заснован на вештачка интелегенција, којшто ќе дава информации за инвестиции и наредниот месец ќе биде детално промовирана, рече Битиќи, додавајќи дека така ќе се отстрани човечкиот фактор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа