Битиќи: СДСМ веќе докажа дека знае како да се бори за работниците

 

Денес, СДСМ поднесе предлог за зголемување на минималната плата на 450 евра(27.700 денари), што ќе претставува пораст од 12.3%! Овој предлог ја покажува политичката чувствителност на СДСМ, дури и како опозиција, за животниот стандард на граѓаните. Работниците заслужуваат достоинствени плати, кои ќе ги приближат до европските стандарди, пишува на ФБ, Фатмир Битиќи од СДСМ.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ, како актуелна власт, повторно ги разочарале граѓаните со неисполнети ветувања за повисоки плати.
„Трошоците за живот постојано растат, куповната моќ е намалена, а работниците се оставени во економска несигурност. Оваа влада нема политичка волја или чувство за потребите на граѓаните, и тоа е една од суштинските разлики меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
СДСМ веќе докажа дека знае како да се бори за работниците – за седум години успеавме минималната плата да ја зголемиме од 8.000 на 22.567 денари, и сега, како одговорна опозиција, покажуваме и понатаму на патот кој води кон повисок животен стандард за сите.
Апелирам до сите пратеници да ја поддржат оваа важна иницијатива бидејќи тоа значи подобар живот за илјадници семејства, економски раст и посигурна иднина за сите нас“, пишува на ФБ Битиќи.

21.10.2024 - 17:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега