Битиќи достави предлог мерки за намалување на данокот за електрична енергија и за основните прехранбени производи

 


Пратеникот Фатмир Битиќи вели, цените на производите растат без контрола, а буџетите на семејствата се под постојан притисок. Во овие услови, вели Битиќи, се повеќе семејства се соочуваат со финансиски потешкотии, а платите не се доволни за да се помине месецот.

-Наместо Владата да интервенира и да ја заузда кризата гледаме незаинтересираност, одолговлекување и целосно отсуство на мерки што ќе ја заштитат куповната моќ на граѓаните. Денес како одговорна опозиција предлагаме конкретни законски измени кои ќе доведат до заштита и подобрување на животниот стандард. Пратеничката група на СДСМ поднесоа предлог на закон за изменување и дополнување на Законот на ДДВ со кој бараме намалување на данокот за електричната енергија од 18% да биде 5%. Но, и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, односно негово намалување од 5% на 0%. Со овие предлог измени бараме системска реализација на две од седумте економски мерки на СДСМ, рече Битиќи.

Вели, намалувањето на ДДВ-то на струјата ќе значи дека за сметките за електрична енергија од околу 3.000 денари граѓаните ќе заштедат околу 400 денари. 

-Додека пак, укинувањето на ДДВ-от за основните прехранбени производи ќе донесе до поевтинување на храната односно намалување на цените на основните производи за околу 5%, рече Битиќи. 

Според него, досегашните мерки на Владата доживеале фијаско, а Владата се уште ги нема замрзнато цените на производите. 

17.02.2025 - 12:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега