Битиќи: Денеска се сеќаваме на сите 7144 Евреи, тие не се бројка, тие се светлината која ни го покажува патот
Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестии, Фатмир Битиќи, придружуван од Славјанка Петровска, министерка за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, денска преставуваше на одбележување на 80 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи: Никогаш повеќе!. Одбележувањето е во организација на Еврејската заедница на РМ и Фондот на Холокаустот на македонските Евреи, а под покровителство на Владата на Република Северна Македонија.
-Пред безмилосно да бидат убиени во логорот Треблинка, нивното тело и човечко достоинство беше кршено, ослабнато, изгладнето, поразено, слободата и идентитетот заробени. Но духот, не умира. Тој живее со оние и за оние кои се сеќаваат на нив, кои ги носат во умот и душата, оние кои со непокор застануваат пред злото и велат, доста е. Од тој непокор се изнедрува надеж за иднина и слобода, еднаквост, правичност и праведност.
Денеска се сеќаваме на сите нив, тие не се бројка, тие се светлината која ни го покажува патот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа