Бездомник доби на лото во Италија, но не можеше да си ги подигне парите

Италијанецот Џанлуиџи, бездомник кој минатиот месец освои 37.000 евра на „СуперЕналто“, но не можел да ги искешира парите затоа што немал даночен број, пренесува Corriere Adriatico.

„За да ги барате вашите добивки, потребен ви е здравствен сертификат, но јас немам, имам само стар даночен број кој е неважечки“ рекол Џанлуиџи и додал дека со освоените пари ќе располага сам и дека сака да остане „невидлив“.

Според италијанскиот весник, по еден месец бирократски компликации, Џанлуиџи успеал да го реши проблемот.

Тој доби премија на лотото 4+1 на 24 октомври, плаќајќи 1,5 евра за тикетот.

28.11.2023 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега