Бербок: Местото на Украина е во ЕУ

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска за време на посетата на Киев изјави дека Украина има место во Европската унија, но ги повика властите во земјата да направат повеќе во борбата против корупцијата.

Бербок рече дека Германија ќе обезбеди дополнителни 20 милиони евра хуманитарна помош за Украина, пренесе Ројтерс.

Пресметувајќи ја дополнителната помош, Германија ќе испрати помош во вредност од 380 милиони евра за Украина оваа година, рече германската министерка.

11.09.2023 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега