Бектеши: Приватните хидроцентрали кои продаваат струја по 400 евра да ги замрзнат цените

Министерот за економија Крешник Бектеши и предложи на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се расправа по измените на Законот за енергетика да достави амандман со кој би се оданочување приватните хидроцентрали и соларните капацитети во земјава кои продаваат струја на слободниот пазар по 400 евра.

Предлог на Бектеши е приватните хидроцентрали кои продаваат струја по 400 евра да ги замрзнат цените.

-Сега ќе дојде законот за енегетика, ви препорачувам таков амандман да доставите, им порача Бектеши на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека веќе се обезбедени 250 милиони евра за справување со кризата и додаде дека и ВМРО-ДПМНЕ ако сака, со својот глас, може да придонеср за обезбедување дополнителни 100 милиони евра заем од ЕБОР за АД ЕСМ.

Во рамки на денешната собраниската расправа по предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба до 30 април, министерот уште еднаш повтори дека рудниците, банките, казината и воопшто компаниите кои остваруваат милионски суми профит не треба да добиваат субвенции од државниот буџет за струјата.

-Јас не сум за директна субвенциија од Буџетот за компании кои имаат милионски суми профит. Тие тој профит го направиле од овие граѓани, во оваа држава и треба да бидат општествено одговорни. Кога никелот на светските берзи рушеше рекорди немаше никаков проблем во делот на електричната енергија, но тие профити дали ги сподели некој со граѓаните?, рече Бектеши.

Седницата почна со речиси еден час задоцнување, а прв за збор се јави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски кој обвини дека Владата нема план како да се зголеми поизводството и како да се заштеди. Манесто најавените 300 милиони евра, рече, ќе се потрошат многу повеќе.

30.09.2022 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа