Бектеши: Ги контактиравме контактите коишто ги даде Мицкоски
Министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва информираше дека веќе се контактирани контактите и позициите што ги даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до Владата за набавка на поевтини енергенси.
-Стапивме во контакт со компаниите кои ни ги посочи господинот Мицкоски. До крајот на оваа недела, во однос на компанијата за гас ќе седнеме заедно со генералниот директор и советникот на премиерот да преговараме за условите, обврските што можеби ги имаат.
Утре е закажан состанок со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, јас и советникот на премиерот и ќе разговараме лично. ЕСМ тоа треба да го направи со трговец со природен гас. Количините ги испративме, утре треба да ја добиеме понудата од компанијата. Се работи за компанија од Европа и средбата ќе биде надвор од земјава. Јавноста ќе биде информирама на транспарентен начин и во делот на понудата, потенцира Бектеши во вестите на Тв Сител.
Тој додаде дека сме блиску до договор со Србија околу размената на гас за електрична енергија.
-Нема да чекаме, бидејќи разгледуваме различни понуди. Секога е паника дека нема природен гас за топланите, а веќе денес е склучен договор за набавка, истакна Бектеши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа