Бектеши бара да се штеди струја и во џамиите и во црквите

 

Крешник Бектеши, министерот за економија бара да се штеди електрична енергија и во џамиите и во црквите. Тој на денешната прес-конференција изјави дека побарал поддршка од поглаварот на ИВЗ, реисот Шаќир Фетаху за почитување на мерките за штедење на струја од страна на ИВЗ и нејзините верници.

Кажа дека ќе побара поддршка и од Македонската православна црква, со цел полесно надминување на кризата со  електричната енергија.

„Голема поддршка ќе биде секоја порака што ќе излезе од страна на ИВЗ, а тоа ќе се сподели преку џамиите до сите верници, било тоа да се Албанци, Турци..Тоа е многу важно заради тоа што секое штедење го помага семејниот буџет, воедно ги помага и институциите во делот да се намалат трошоците, а и потребите во делот на потрошувачката заради тоа што имаме одредена потрошувачка која е на регулиран, а другата на слободниот пазар, за да се ослободат количетва со кои може да се помогне на индустријата која ркеира работни места и на таков начин приходите во нашите семејства да не се скратат“, изјави министерот Бектеши.

19.09.2022 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега