Бауер: Од влезот во НАТО, Северна Македонија презеде важни чекори за спроведување на своите одбранбени реформи

 

-Од влезот во НАТО, Северна Македонија презеде важни чекори за спроведување на своите одбранбени реформи. За три години Северна Македонија постигна импресивно ниво на воена интеграција во НАТО, посочи на денешната  прес-конференција претседавачот со Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, кој е во посета на нашата држава.

Адмиралот Бауер на заедничката прес-конференција со министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски посочи дека покрај придонесите што нашата држава ги дава на Алијансата, како што е поддршка за борбените групи во Бугарија, Латвија и Романија и на Косово, трупите на Северна Македонија служат под знамето на НАТО во мировна мисија.

-Вие придонесувате и во силите за одговор на НАТО кои ја гарантираат безбедноста и одбраната на сите сојузници. Од влезот во НАТО Северна Македонија презеде важни чекори за спроведување на своите одбранбени реформи. За три години постигнавте импресивно ниво на воена интеграција во НАТО адаптирајќи ги вашите структури и сили на потребите и барањата на НАТО и ја зголемивте вашата имперабилност, рече Бауер.

04.09.2023 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега