Автомобил влета во ресторан во Париз - има мртви и повредени

Едно лице загина, а шест се повредени кога автомобил влетал во тераса на ресторан во Париз, се наведува во новиот полициски извештај.

Автомобилот удрил во тераса на ресторан во близина на гробиштата Пер-Лашез во Париз Меѓу шестмината повредени, тројца се тешко повредени.

Возачот побегнал, но сопатникот бил уапсен. Тој бил позитивен на наркотици и алкохол, велат извори блиски до полицијата.

Големи полициски сили се распоредени во 20-тиот арондисман во Париз, околу терасата на барот Ле Рамус, во која удри автомобилот, јави новинар на АФП.

Ова се случи само 10 дена пред отворањето на Олимписките игри во главниот град на Франција.

17.07.2024 - 22:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега