Трагедија во Црна Гора: маж загина кога активирал бомба, повредена и неговата сопруга
Маж во Црна Гора загина кога активирал бомба во близина на куќата во градот Годијево, пренесува порталот „Аналитика“.
Трагедијата се случила утрово, при што била повредена и неговата сопруга.
Како што изјавиле од Полициската управа, таа е надвор од животна опасност.
„Мажот П. Р. од Годије кај Бијело Поље утрово активирал бомба во близина на куќата, при што добил тешки повреди и починал. Повредена е жена, која била во непосредна близина, но нејзиниот живот е надвор од животна опасност“, е потврдено за агенцијата РИНА.
Понатамошната истрага ќе ги утврди сите околности што довеле до овој трагичен настан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа