Во сообраќајка повреден Премиерот на Република Српска
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и уште две лица се повредени денеска во сообраќајна несреќа на главниот пат кај местото Тишча во близина на Шековиќ.
-Никој од нив не е во животна опасност, потврдиле од полициската управа.
Повредените се упатени во надлежните здравствени установи.
Во сообраќајната незгода учествувале две патнички возила, од кои едното возило на заштитено лице.
-Сообраќајот на споменатата патна делница поради увид во моментов е во прекин, пренесе Информер.
27.08.2024 - 19:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа