Авионот на „Луфтханза“ за Франкфурт принудно слета во Загреб, откажа моторот на височина од 11.000 метри

 

Авион „ербас А321 НЕО“ (A321-271NX) на германскиот авиопревозник „Луфтханза“, на лет од Тел Авив до Франкфурт, принудно слета на аеродромот во Загреб утрово во 7.43 часот по локално време. 

Екипажот на авионот прогласи вонредна состојба во воздушниот простор на Босна и Херцеговина и побара контролата на летање да се пренасочи кон Загреб, објави порталот „Авиорадар“. 

За време на летот на височина од 36.000 стапки (11.000 метри) дошло до дефект на моторот број два (моторот сместен на десното крило) поради што тој бил исклучен. 

Станува збор за моторите на Pratt & Whitney, модел PW1000G. 

Итната помош го пречекала авионот на аеродромот во Загреб, но немало потреба од нивна интервенција. 

04.09.2023 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега