Атентаторот на Трамп работел во старечки дом и бил мета на булинг, сведочат соученици

 

Томас Метју Крук кој се обиде да изврши атентат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, не бил омилен во друштвото, сведочат за локални медиуми во Пенсилванија, негови соученици.

Момче кое одело во истиот клас со атентаторот, кажува дека Крук постојано времето го минувал сам и останатите често го малтретирале. На училиште доаѓал облечен во ловечка облека.

Џејсон Колер, поранешен ученик на истото училиште во кое учел атентаторот, за „Си – ен – ен“ изјави дека Крукс „како да имал мета на грбот“ во средното училиште и не се вклопил во општеството.

“Иако не одев во истиот клас со него, го гледав во ходниците и тој секогаш имаше ист израз на лицето”, вели Колер.

Колер додава дека Крукс бил злоупотребуван бидејќи не се вклопувал во општеството.

“Слушнав дека е паметен човек”, изјави Колер, додавајќи дека обидот за атентат врз Трамп е за него неверојатен.

Американските медиуми денес објавија дека Крукс матурирал во 2022 година и работел во локален старечки дом.

15.07.2024 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа