Асоцијација „Бездомни животни без граници“: Масовно труење на кучиња во Струга
Асоцијацијата „Бездомни животни без граници“ денеска обвини за масовно труење на кучиња во Струга.
– Десетици кучиња засега се најдени мртви од очигледно труење со добропознатиот ланате, отров што во повеќе наврати се користи да се реши бездомната популација на животни во државава, реагираат од Асоцијацијата.
Тие забележуваат дека кај институциите немало желба за преземање мерки да сопре масовното убиство на бездомни животни во Струга.
– Огнот никогаш не сопре, единствено службите беа поажурни според сведоштва на анонимни граѓани – кучиња се убивале и се собирале веднаш за да се скрие траг. Се прашуваме дали сепак овде не се работи за гнев на поединец, туку организирана хајка против бездомните кучиња во Струга? Дали Општина Струга решила другите мерки за третман на бездомната популација да ги толкува како масовна ерадикација на бездомните кучиња, пишува во реакцијата на „Бездомни животни без граници“.
Ги повикаа надлежните институции, како што е посочено, непристрасно да постапуваат во своите постапки и да го запрат масакрот.
– Повикуваме Агенцијата за храна и ветеринарство да ја санкционираат Општина Струга за не спроведување хуман третман врз бездомните кучиња на територијата на општината, нивната неажурност и незаинтересираноста на општините доведуваат до кулминација на состојбата – ова е историја што се повторува, стои во информацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа