Артилериска стрелба по повод Денот на Армијата – 18 Август

По повод  Денот на Армијата – 18 Август, утревечер, во 19:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Како што информира Министерството за одбрана, претходно, во попладневните часови, по 18:00 часот, ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.

16.08.2024 - 20:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега